Претседателката на косовското Собрание бара да се разрешат министрите кои го поддржуваат Вучиќ

Од:

Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи ги повика парламентарните партии во земјата да поддржат резолуција со која ќе се разрешат членовите на косовската Влада од редовите на најголемата партија на српското малцинство, Српската листа (СЛ), кои јавно го поддржуваат и соработуваат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според Османи, недозволиво е во кабинетот на нејзиниот сопартиец од редовите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), премиерот Авдулах Хоти и натаму да останат луѓе кои „ му се придружија на Вучиќ во неговата политичка и дипломатска кампања“ против Косово.

– Повикот на партијата СЛ, коалицискиот партнер од чии гласови зависи Владата на Косово, за поддршка на политичката и дипломатска позиција на Србија против Косово, е повик против уставниот поредок и суверенитетот на нашата земја. Ги повикувам политичките партии да го поддржат усвојувањето на резолуција/декларација во Собранието, со кое се бара од Владата да ги разреши нејзините членови кои му се приклучија на Вучиќ во политичката и дипломатска кампања против нашата земја, напиша Османи на својот „Фејсбук“ профил.

Иако е членка на истата партија како и премиерот Хоти, Османи остро се спротивстави на промената на претходниот премиер, лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ), Албин Курти и на формирањето нова влада предводена од нејзината партија.

На 20 јуни, две недели по разрешувањето на Курти и изгласувањето на владата на Хоти, Османи беше разрешена од потпретседателската фукција во ЛДК, но остана дел од партијата, како и претседателка на Собранието. Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која е дел од коалицијата во Владата на Хоти, отворено е поддржана од официјален Белград, со кого е во постојан контакт и координација, соопштија косовските медиуми.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија