Мартина Фиц: Повлекувањето на САД од СЗО е спротивно на меѓународната соработка

Од:

Повлекувањето на САД од Светската здравствена организација (СЗО) претставува „спротивност на меѓународната соработка“, оцени денеска германската Влада на последната прес-конференција.

– Глобалната епидемија ни покажува дека е неопходна поголема меѓународна соработка за борба против епидемијата, а не помала, истакна портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц.

Американскиот претседател, Доналд Трамп вчера официјално ги повлече Соединетите држави од Светската Здравствена Организација, која истиот, ја обвини за лошо управување со пандемијата предизвикана од коронавирус и дека наводно организацијата соработувала со Кина на штета на САД.

Иако Вашингтон беше најголем финансиер и подржувач на глобалната организацијата со околу 450 милиони долари на годишно ниво, по доаѓањето на претседателот Трамп истата стана негов „непријател“. Мерката за повлекување на САД од СЗО стапува на сила од 6 јули оваа година.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија