Николовски од Делчево: За две и пол години од крв во Собранието стигнавме до НАТО, го вративме достоинството ќе ги вратиме и младите

Од:

„Ние сме генерација политичари која храбро и одговорно се зафати да го реши тоа што никој досега не го решил, за да не губиме време. Затоа што оваа земја нема време за да губи повеќе генерации. Затоа храбро ги донесовме сите одлуки. За само две и пол години од раб на граѓанска војна и крв во Собранието, стигнавме да седиме на иста маса со Америка, Германија, Франција и најголемите светски сили. Денеска ви давам збор нашето мото ќе биде да ги вратиме Македонците тука на Истокот, а да извезуваме макаедонски производи. Тоа ќе го постигнеме затоа што го вративме достоинството, затоа што за младите обезбедуваме преспектива, затоа што отвораме нови работни места“, порача Љупчо Никоовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, од синоќешната трибина во Делчево.

Тој потсети дека во 2016 година кога СДСМ бараше доверба од граѓаните со конкретни проекти, Никола Груевски, Илија Димовски, Игор Јанушев одеа низ Истoчниот регион и ги лажеа и манипулираа граѓаните дека ќе има кантонизација, федерализација.

„Ништо нема од тоа, освен реализација на конкретни мерки, враќање на парите кај граѓаните. Укинување на радиодифузната такса, решавање на проблемите на стечајците, покачување на минималната плата и на просечната плата, раст платите во сите други сектори, раст на пензиите. Тие ниту се радуваа кога се креваше македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ниту аплаудираше Мицкоски кога станавме членки на НАТО. Две и пол години сакаат да не туркаат назад. За да се спасат од криминалот и за да не одговараат. Ги блокираа сите закони, гласаа против зголемувањето на минималната плата. Од мизерни 9.000 денари покажавме дека може да биде 14,500 денари. Го штитиме работникот, правата на работниците се светост“, рече Николовски.

Тој пред делчевци даде збор дека минималната плата до крајот на следниот мандат ќе биде 20.000 денари, а просечната плата ќе биде 34.000 денари, но и ќе се изгради и четврт експресен пат кој ќе го поврзува Кочани со Делчево, до граничниот премин.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски