Словенечката гранична полиција денеска стапи во „бел штрајк“, што подразбира забавена процедура за проверка на документите, поради што се очекува застој на граничните премини.
Штрајкот може да продолжи до мај, соопштуваат одСиндикатот на словенечката полиција.
Како што наведува претседателот на Синдикатот Радивој Урошевиќ не очекува да се постигне договор со Владата пред петти мај.
Штрајкот е резултат на плановите на Владата да ги намали средствата за плати на полицијата во рамките на ограничување на државниот сектор и во текот на годинава.