(ВИДЕО) Митрески: СДСМ покажа како вистиски се грижи за сите граѓани

Од:

СДСМ изминатите три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници, порача денеска Јован Митрески носител во ИЕ 5 од Коалицијата Можеме предводена од СДСМ.

Наместо да им помага на најранливите категории граѓани, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулирала со социјалната помош, ја држела на недостоинствен минимум и ја злоупотребувала во партиски цели пред избори. За три години, како што рече, СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток.

– Продолжуваме да се грижиме уште повеќе и уште подобро. Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари. Се обврзавме дека ќе ги враќаме парите кај граѓаните, тоа го продолживме и во време на криза со коронавирусот. 28 милиони евра враќаме назад кај преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам, рече Митрески.

Тој додава дека се зголемува опфатот на домашната платежна картичка и оти покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

– Градиме држава која е праведна и правна за сите. Ги намаливме нотарските и трошоците за извршители, целосно укинавме 11 ставки за трошоци за извршување. Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните. Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување. Разликата е јасна и очигледна. СДСМ се грижи за сите и враќа пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и зема пари од граѓаните, рече Митрески..

Тој е уверен дека заради сето ова на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не, како што рече, за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.

Би можело да ве интересира

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ