(ВИДЕО) Петров: Градиме економија базирана на иновации – Северна Македонија стартап и технолошки хаб во регионот

Од:

„Во следниот мандат, целосно сме фокусирани на новиот бран на млади, македонски претприемачи. Заедно со нив, во следните четири години ќе ја позиционираме Република Северна Македонија како стартап и технолошки хаб во регионот.

Наша цел е развивање на претприемничка култура, базирана на иновации, технологии и креативност и создавање на глобален продукт, оттука од Северна Македонија.

Технологиите ќе ја имаат централната улога во новата македонска економија и токму поради тоа персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме на 0% до 2023 година.

Во новата македонска економија ги мотивираме младите да започнат сопствен бизнис“, рече Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Нудиме грантови од 5.000 до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис и овозможуваме отворање на фирма со минимален влог од само едно евро а ги ослободуваме од плаќање фирмарина сите новосоздадени компании во првите две години.

Не застануваме тука.

Ги ослободуваме од плаќање данок сите новосоздадени компании од млади под 29 години и жени, се додека годишниот промет е под 3 милиони денари. Исто така државата ќе го враќа платениот персонален данок на сите млади под 29 години, директно на нивните сметки, во првите две години од работењето.

Практичното искуство е клучно за успех во денешниот бизнис-свет. И токму поради тоа ќе им овозможиме на сите редовни студенти да стапат во редовен работен однос, по неколку часа во денот.

Заедно со претставници од македонската стартап заедница и успешни Македонци од странство ќе формира Фонд за млади умови и регионален акцелератор за стартапи. Ќе започне со работа и првото македонско стартап село а во пет града низ републиката, во постоечки државни објекти, ќе отвориме co-working простори.

За полесно финансирање на стартапи и иновативни бизниси работиме на нов закон за бизнис ангели со кој ќе се отворат нови можности за финансирање и негување на инвестициска култура.

За подобра промоција на стартап компаниите ќе воведеме и стартап амбасадори низ светот а ќе ги отвориме и нашите амбасади за македонските стартапи кои сакаат да освојат нови пазари.

Ќе ја направиме Република Северна Македонија атрактивна и за дигиталните номади , преку воведување на онлајн стартап виза а ќе го олесниме и отворањето на компании за странци. Заеднички со нив ќе градиме претприемачка култура базирана на иновации и креативност.

Направивме многу за овие три години. Верувам во нашиот заеднички успех и верувам дека заедно ќе ја позиционираме нашата земја како стартап и технолошки хаб во регионот“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје