Лице кое е осомничено за членство во калабриската мафија, а кое било едно од најбараните бегалци во Италија, уапсено е во Колумбија, соопшти Интерпол.
Според италијански медиуми, претпоставка е дека се работи за Доменико Тимболи (58) еден од лидерите на криминалната мрежа Ндрангета која има голема улога во шверцот на кокаин на меѓународно ниво.
Тој е уапсен во заедничка операција на колумбиската и италијанската полиција, а Италија ќе бара негова испорака. Осомничениот бил координатор меѓуколумбискиот нарко картел Меделин и Ндрангета од Калабрија.