МТСП: Активните мерки за вработување успешни и во услови на криза, со субвенцинирање на плати вработени 1.346 лица

Од:

Активните програми и мерки за вработување и во услови на криза им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници. Пазарот на труд функционира и покрај економските предизвици, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување „Субвенционирање на плати“, за која компаниите покажаа исклучителен интерес, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

Агенцијата за вработување досега распишала два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на мај. Досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa.

-Финансиската поддршка е така дизајнирана што поттикнува вработување на млади лица и се настојува да се постигне еднаква родова застапеност. Со овие два огласи, поддржани се вработувања на 663 лица до 29 годишна возраст и на 663 жени. Финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари, велат од МТСП.

Кај субвенционирањето на плати, како што појаснуваат, поддршката може да биде 3, 6 или 12-месечна. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци.

-Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници. Затоа, Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас, посочуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска