Николовски од Пробиштип: Патриотизам е да носиш храбри одлики со кои ќе го потврдиш македонскиот идентит, но и ќе одиш напред кон европската иднина

Од:

„Со години пред избори политичарите ветуваа ЕУ и НАТО, ама не се најде никој да ги донесе тие одлуки, да ја креира таа иднина. За само две и пол години, ние ги засукавме ракавите и рековме нема да се криеме и носевме храбри одлуки. Носевме одлуки без калкулација и ги решивме проблемите, го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик го потврдивме. Тоа е патриотизам, да носиме храбри одлуки кои не носат напред“, рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, на синоќешната трибина во Пробиштип.

Тој нагласи дека претставниците на бизнис секторот се радуваат на нашиот влез во НАТО, бидејќи на тој начин нивниот бизнис е побезбеден и има реални шанси за напредок. Тоа е резултат на храбрите одлуки кои биле без калкулации и со кои се потврди македонскиот јазик и идентитет.

„Има една Македонија, нема друга, таа е Република Северна Македонија, со потврда на сите особености на нашиот јазик, нација и култура. Пред само две и пол години бевме раскарани со сите. Денеска сме светол пример, модел за решавање на проблеми и за силен напредок што го трасираме. Фирмите се радуваат на влезот во НАТО, тоа е за нив капитал, нивните фирми повеќе вредат и се посигурни. Влеговме во НАТО, ќе влеземе и во ЕУ“, рече Николовски.

Тој додаде дека се уште не е решено се, но се покажа дека за краток период, доколку се работи домаќински и одговорно може да се постигне напредок.

„Влезени сме во политиката за да докажеме дека состојбите може да се променат, граѓаните да веруваат на политичарите во чесните и одговорните, оние кои работат единствено во интерес на граѓаните. Не за Субрата рој и за бегалецот во Будимпешта“, рече Николовски и додаде дека ова е нереформирано, корумпирано ВМРО-ДПМНЕ, со кандидати на Никола Груевски, со еден куп темни дамки и афери, кои удираат боксови на жени, кои трошат пари на панорамско тркало.

За разлика од нив Владата на СДСМ беше најтранспарентна влада која пред граѓаните отворено ги презентираше сите трошоци, а нејзините функционери не ги трошеа парите за сопствени потреби, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД