Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, вчера на средба со Здружението на ловци од Охрид ветил измена на законите за вадење дозволи за оружје. Министерот Чулев вели дека ловците се пожалиле на долгите процедури.
„ Членовите на здружението ме информираа дека се соочуваат со административни тешкотии во делот на постапката за издавање на дозволи за поседување на оружје која некогаш трае и повеќе од 1 година. Заеднички се согласивме дека за надминување на овој проблем потребна е измена во законската регулатива, на што интензивно ќе работиме“, вели министерот Чулев.
Тој нагласува дека заеднички со ловците констатирале дека Министерството за внатрешни работи треба да биде партнер на ваквите здруженија кои меѓу другото имаат значајна улога и во областа на ловниот туризам кој треба да се развива имајќи го предвид потенцијалот кој го има нашата држава во ова поле.