Одделот за неврологија во Штип се пресели, ќе се сместуваат пациенти со Ковид-19

Од:

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека четворица пациенти заразени со коронавирусот веќе се сместени во болничките соби на овој оддел, откако вчера беше испразнет, а пациентите и здравствениот кадар од неврологија се преселија на Одделението за урологија.

На медицинскиот персонал на Инфективно веќе им помагаат медицински сестри од други одделенија, во прва смена работат пет сестри, а во попладневната се ангажирани три. Ѓеорѓијев најави дека од утре почнуваат со работа на ова одделение и лекарите од интерно, кардиологија и анестезиологија, кои ќе им помагаат на инфективнолозите.

Со проширувањето на Инфективното одделение се добиваат дополнителни 15 болнички кревети. Во моментов на ова одделение се лекуваат околу 40 пациенти од општините од источниот регион.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он