Заев од Росоман: Поголема поддршка за домашните компании, 600 милиони евра за економијата до 2024 година

Од:

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев денеска во Росоман се сретна со претставници на бизнис секторот и со вработените во повеќе фирми на кои се зборуваше за успешното справување со последиците од економската криза предизвикана од пандемијата како и за новата понуда во следниот четиригодишен мандат.

Во разговорите со претставниците на бизнис секторот од Росоман тој укажа на тоа дека СДСМ успешно се справува со негативните ефекти предизвикани од корона кризата, преку трите сета на мерки за помош на македонската економија пуштени се во оптег 1.1 милијарда евра, односно 10% од вредноста на БДП. Првите резултати се видливи, економијата закрепнува побрзо од очекуваното.

Конкретно во Росоман поддршката за исплата на плати и придонеси добиле 18 компании кои вработуваат 83 граѓани. Бескаматни кредити добила една компанија со 15 вработени, а 533 граѓани добиле платежни картички.

-Посветени сме на максимална поддршка на бизнис секторот, бидејќи ни е важно да се зачува секое работно место и да се создадат услови за отворање на нови. Изминативе 3 години имавме рекордна поддршка на домашните компании која изнесуваше 100 милиони евра. И во следниот мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро да ги поддржуваме компаниите со поддршка 600 милиони евра обезбедена од буџетот и европските фондови“ порача претседателот Заев на средбите со бизнис секторот, истакна Заев.

Тој заклучи дека е важно државата да продолжи на правиот пат кој овозможува развој на нова македонска економија за раст на компаниите и приватниот сектор и затоа е важно граѓаните да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето и да ја дадат својата поддршка и глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

A1on