Најголем број на смртни случаи од Ковид-19 евидентирани во Србија

Од:

Здравствените власти во Србија соопштија дека во земјата се евидентирани 11 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа и тоа е најголем број во еден ден од почетокот на пандемијата.

Во последното деноноќие во државата потврдени се уште 309 случаи на заразени, а поради влошената епидемиолошка состојба, вратени се вонредните мерки во Белград и во пет други градови. Покрај итните мерки претходно објавени во Крагуевац, Нови Пазар, Тутин, Ивањица и Врање, српската Влада усвои пакет вонредни мерки и за Белград, кои без исклучок ја ограничуваат работата на сите ресторани и ноќни клубови од 23 часот до 6 часот наутро следниот ден.

Во државата воведена е обврска за носење заштитни маски, со почитување на физичкото растојание од еден и пол метри, во затворени простории, во приградскиот и меѓуградскиот превоз, а за прекршителите казната изнесува околу 40 евра.

Српската Влада донесе и одлука со која се забранува собирање на јавни места во затворени простории за повеќе од 100 лица, а на отворено до 500, со обврска да се почитува физичкото растојание од метар и половина. Сите мерки донесени за Белград ќе важат до 18 јули.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија