Тело на средовечен маж пронајдено во Охридското езеро

Од:

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро во близина на брегот, соопшти полицијата. Случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија“, пријавиле во полиција.

На местото се излезени екипи на крим-техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта, соопшти полицијата.

Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид, a причините за настапувањето на смртта ќе ги утврди обдукцијата.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина