(ВИДЕО) Митрески: Капиталните проекти продолжуваат и покрај вонредната ситуација поради Ковид-19

Од:

Kандидатот за пратеник и ко-носител на листа на СДСМ во Изборната единица 5, Јован Митрески денеска изјави дека градежната офанзива продолжува и покрај вонредните услови во државата поради Ковид-19.

-Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата земја по европски пример. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци, ги поврзуваме селата со градовите, се поврзуваме со соседите преку автопатите и отворањето гранични премини. Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија, рече Митрески.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја кочеше гасификацијата, а сега се во завршница гасоводните магистрали. Глетката на фотоволтаични централи е секојдневна за секој граѓанин. Се менува и начинот на греење, земјава станува пример за енергетска ефикасност. Се инвестира и во пречистителни станици, за почисти реки, како и во колекторскиот систем ма Охрид за да се зачува Охридско Езеро кое ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Митрески, го доведе до работ на загрозено подрачје.

-Ова е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните и идни генерации. Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе, рече носителот на листата во ИЕ 5, Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он