Русија: Не се занимаваме со „загриженоста“ на некои земји поради референдумот

Од:

Москва нема намера да се занимава со наводната „загриженост“ на некои земји во врска со уставните амандмани усвоени на референдумот, кои му овозможуваат на рускиот претседател Владимир Путин да биде на власт до 2036 година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој потврди дека Москва е запозната со критиките на одделни држави во врска со усвоените амандмани.

– Сепак, не планираме да ги земеме предвид. Русија без никаков сомнеж била и ќе биде посветена на меѓународното право и во духот на меѓународното право. Меѓутоа, Русија првично е посветена на својот национален суверенитет, кој никако не е спротивен на меѓународното право, нагласи Песков.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски