(ВИДЕО) Заев: СДСМ е посветена на унапредување на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена нa обнова на режимот

Од:

Три години активно вложуваме во развој и унапредување на патната инфраструктура. Денес се гради како никогаш досега, низ целата држава, се гради интензивно и во време на пандемија согласно почитување на мерките за заштита од коронавирусот, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев кај мостот на река Вардар кај населеното место Удово, што беше обновен во изминатиот период.

Влогот во инфраструктурата, вели тој, е влог во иднината, влог во подобро и поефикасно поврзување, внатре во државата и со соседните држави.

– Денеска сме на мостот на реката Вардар, кај населеното место Удово, значајна точка во поврзување на југоисточниот дел со остатокот од државата. Овој мост по повеќе години и пропаднати ветувања, конечно е реконструиран и обновен, вели Заев.

Со над 91 милион денари, пари од сопствени средства, посочи тој, Јавното претпријатие за државни патишта целосно го реконструираше овој мост кој сега е побезбеден, пофункционален и обезбедува побрз сообраќај.

– Овој мост е пример за градење по план, инвестиции во изградба и реконструкција на клучни делници, важни за граѓаните. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот четиригодишен мандат. Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци во секој регион од државата, истакна Заев.

Додаде дека ги прошируваат капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобрат економијата и да ја зајакнат уште повеќе поврзаноста со соседите.

– И додека СДСМ е посветена на обнова на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на обнова на режимот, додека СДСМ гради и обновува мостови на соработка и поврзување, ВМРО-ДПМНЕ гради ѕидови на поделби и изолација. Разликата е огромна, ние градиме модерни, безбедни патишта и мостови по светски стандарди, тие нудат промашени проекти, наместени тендери и бандери сред автопат, потенцира Заев.

Според него нивниот пристап е сериозен, чесен и одговорен.

– Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе. Инвестираме уште повеќе во инфраструктурата, за да имаме уште подобра поврзаност, нагласи Заев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ