(ВИДЕО) Шекеринска: Задоволство е кога се гледаат плански инфраструктурни проекти во Охрид

Од:

Носителот на листата на Коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица, Радмила Шекеринска, денеска беше во обиколка на неколку локации низ Охрид, каде се спроведуваат позначајни градежни активности и инфраструктурни проекти од особена важност за охриѓани.

– Тоа покажува дека многу е важно централната и локалната власт добро да соработуваат, за потребите на граѓаните, но важно е да се знаат приоритетите, да се инвестира во инфраструктурни проекти и, можеби најважно, да се гради по план. Во Охрид се гради по план и се решаваат значајни проблеми одлагани со децении, истакна Шекеринска при увидот на реконструкцијата на улицата „Абас Емин“, една од позначајните сообраќајни артерии во градот.

Улицата „Абас Емин“ целосно се реновира, со средства обезбедени од општинскиот буџет и со финансиска поддршка на ЕБРД, проект со вкупна вредност од 45 милиони денари. Предвидено е за околу една година целосно да биде реконструирана таа сообраќајница, со поставен нов цевковод за атмосферска и фекална канализација, нова водоводна мрежа, како и површинско уредување со асфалт и тротоари.

– Проектот беше ветуван многу години, а на чија реализација се чекаше децении. Затоа денеска навистина ми е задоволство што сум тука, што можам да видам како локалната самоуправа и буџетот работат во полза на граѓаните. Денеска ќе видиме четири инфраструктурни проекти кои се градат во Охрид и кои ќе значат подобар квалитет на живот во градот, и тоа сработено по план, рече Шекеринска.

Шекеринска и градоначалникот Константин Георгиески посетија и други локации во Охрид каде се вршат градежни активности – реконструкција на улицата „Охридска бригада“, улицата „Прва Македонска ударна бригада“, неколку сервисни улици во населбата „Христо Узунов“ и пробивање на улицата низ поранешната касарна во градот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД