На излезот од маркет во Србија дошло до тепачка поради обид за кражба. Наводниот крадец, кој сакал да избега, на самиот излез е попречен од обезбедувањето.
На снимката направена со мобилен телефон и објавена на социјалните мрежи се гледа како по вербалната расправија, нервозниот човек, кој се претставувал како купувач, физички го напаѓа еден од обезбедувачите, додека неговиот колега заминува во друга просторија за да ја извести полицијата.
Според соопштението од маркетот, инцидентот настанал поради обид за кражба на алкохолни пијалоци. Ова не е првпат лицето да се обиде да краде, велат од маркетот.