ДУИ ветува државна поддршка за домување од 20.000 евра за млади семејства

Од:

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, денеска посети млади семејства, со кои разговараше за проблемите со кои тие се соочуваат. Тој рече дека партијата има сериози заложби во овој поглед.

– Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршката за младите парови до 35-годишна возраст, кои имаат посериозни потреби и предизвици. Поточно, мора да ја насочиме нашата поддршка кон паровите кои сè уште не го решиле станбениот проблемот – да им се понуди помош во вод на кредит без камата до 20.000 евра, истакна Зибери, за време на разговорот со еден млад пар.

Зибери додаде дека во неговите планови е дополнително да ја развие и мрежата за предучилишно образование, градинки за деца, затоа што е констатиран недостаток во овој сегмент.

-Секој не може да го испрати своето дете во системот на предучилишно образование, особено во градинките, додаде Зибери.

Би можело да ве интересира

Средба меѓу претседателот Пендаровски и народниот правобранител Зибери

Жарко Настоски

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он