(ВИДЕО) Николовски: Нови 200 милиони евра годишна поддршка за земјоделството

Од:

Љупчо Николовски, носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата Можеме во ИЕ 3, на средба со граѓани во Чешиново-Облешево истакна дека во идниот мандат ќе продолжат со поддршка за земјоделството во вредност од 200 милиони евра годишно.

– Ги зголемивме субвенциите, исплатата се одвива редовно, навремено и неселективно, нема веќе лажни и партиски земјоделци, нема веќе привилегирани. За толку кратко време, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, а продолжуваме во идниот мандат со поддршка од 200 милиони евра годишно. Станавме лидер во искористеност на ИПАРД фондовите драги пријатели, рече Николовски.

Тој нагласи дека Владата ја воведе „зелената нафта“, мерак со која 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци.

– Сега покриваме 50 проценти, а во наредниот мандат ќе ја покриваме целосно, 100 проценти! Зелената нафта ќе биде целосно бесплатна, рече Николовски.

Тој потенцираше дека поддршката за млад земјоделец во претходниот мандат ја зголемиле од 10.000 евра на 20.000 евра, а ќе продолжи и поддршката за жените земјоделки.

Николовски најави дека ќе изградат три нови откупно дистрибутивни пунктови во Ресен, Скопје и Струмица, за сигурен пласман и поконкурентно производство.

– Ја субвенционираме платата по 3.000 денари на нововработен работник во земјоделско стопанство помлад од 25 години. Ова што ви го зборувам пријатели од земјоделството не е пропаганда. Сето ова е тоа што сме го направиле досега. И се што ќе направиме отсега. Ме знае истокот многу добро, не давам збор јас залудно, рече тој.

Николовски истакна дека земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите домови и нема да дозволат да се обнови газењето врз нивното достоинство и труд.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор