Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на коронавирусот.
Како што информираат од ПР-тимот на тенисерот, тоа го покажале најновите резултати на ПЦР тестот кој и двајцата го направиле во Белград, објави РТС.
Новак и Јелена не чувствувале никакви симптоми на вирусот, а тестот го направиле по претходен договор со докторите.
Претходните десет дена, од враќањето од Задар, семејството Ѓоковиќ времето го помина во самоизолација, пратејќи ги сите протоколи и безбедносни мерки во врска со Ковид-19.