Советот за безбедност со резолуција бара прекин на огнот во сите воени зони за време на пандемијата

Од:

Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуција во која се повикува на прекин на огнот во сите воени зони за време на пандемијата и усвојување на други мерки за борба против коронавирусот.

Предлогот доби 15 гласа „за“ и беше усвоен едногласно како резолуција 2522.

Основна цел на документот, претставен уште во април, е да го поддржи повикот на Генералниот секретар објавен во март за сеопшт и итен прекин на огнот во сите конфликтни области за време

Според дипломатски извори, најголемите разлики се појавиле меѓу американската и кинеската делегација. Како резултат на постигнатиот компромис, текстот за улогата на СЗО во борбата против коронавирусот е отстранет од резолуцијата и не е спомената земјата од каде што почна заразата.

Во документот се вели дека „хуманитарната пауза не се однесува на воените операции против Исламска држава, Ал Каеда и други лица, групи и организации поврзани со групи кои Советот за безбедност на ОН ги смета за терористички“.

Мировните мисии на ОН ќе добијат мандат да им помагаат на државите во мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Се работи главно за хуманитарен пристап, вклучително и преместување на луѓе и бегалски кампови, како и евакуации поради медицински причини, соопштија од ОН.

Предлагачите на резолуцијата, делегациите на Франција и Тунис, се заблагодарија за постигнатиот компромис, кој овозможи да се гласа за текстот. Неговото усвојување не значи крај на работата, но нејзиниот почеток ја врати „вербата во дипломатијата и принципите на мултилатерализам“, благодарение на волјата што ја покажаа членовите на Советот за безбедност да ги надминат постоечките несогласувања.

Би можело да ве интересира

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

А1он

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

А1он

Претседателката Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови на Советот за безбедност

Предраг Петровиќ

Безбедносната состојба во моментов не е загрозена, нема потреба да се свика Советот за безбедност, вели Тошковски

Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за поддршка на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа

Горан Наумовски