(ВИДЕО) Грчева: Очекувам до десет пратеници, со СДСМ никако, можна е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Претседателката на партијата „Глас за Македонија“, Солза Грчева по изборите очекува влез во Собранието со бројка од пет до десет пратеници. Во интервјуто за „А1он“ изјави дека доколку се одлучат за коалицирање поприфатливо би било со ВМРО-ДПМНЕ, но како што вели доколку се договорат околу одредени услови, при што главното барање на оваа партија е укинувањето на Преспанскиот договор.

„Сум исклучително лута на целиот овој процес околу Преспанскиот договор во кој учествуваа двете партии, тоа е евидентно, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ не излегоа од Собранието, а немаат ни сега јасен став што ќе прават со него, за разлика од нас. Сум изјавила и стојам на ставот дека со СДСМ нема коалицирање, но да видиме дали би можеле со ВМРО-ДПМНЕ, но не се плашиме да останеме и опозција во опозиција. Ако се прифатат одредени услови кои би ги издискутуирале со нив , тогаш би можеле да имаме некакви шанси за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Грчева.

Таа вели дека се уште стои на ставот дека Преспанскиот договор треба да се поништи и како парламентарна партија ќе се залагаат тоа да го направат. Според неа, патот за влез во ЕУ би бил тежок и без договорот, а соседите доколку сакаат може да ја блокираат земјата и покрај потпишаниот Преспански договор.

„НАТО нема да не избрка ако ни остане името. Смешни се одредени политичари кои велат дека никогаш нема да употребат Северна, за да му се додворат на народот, а може само во бања да си пеат Македонија, надвор се знае Северна. Еве никој од нас нема да употреби Северна Македонија, но работата е дали твојата опција , твојата партија ќе го укине овој срам. Ние отворено зборуваме и стоиме зад тоа дека овој договор мора да биде раскинат. Грција и Бугарија имаат 70 истанци допрва да не блокираат, со било која срамна уцена и покрај Преспанскиот договор. Тие тоа не го кријат, порачуваат водете си сметка што правите инаку ќе ве блокираме. Од друга страна со новата методологија на Макрон кои се шансите на Македонија да влезе во ЕУ, ќе си чекаме како Турција 30 години“, изјави Грчева.

Грчева вели дека во кампањата таргет се незадоволните и разочарани гласачи и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, но пред се неопределените кои според неа би гласале за трета опција која нуди различен концепт од она што веќе го ветуваат двете најголеми политички партии.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Додека Грчева промовира политики против Бугарија, нејзинит син доби функција во Софија

Предраг Петровиќ

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он