Царовска: Немаме веќе деца во институции, вложуваме во кадарот во градинките и социјалните работници

Од:

Носителката на листа на кандидати за пратеници во изборна единица 1, Мила Царовска вчера вечер на маалска средба во населба Капиштец рече дека СДСМ е партија која што се грижи за сите граѓани подеднакво и дека посеветено работи на намалување на сиромаштијата.

„Сите ранливи семејства во нашата држава кои имаат деца сега имаат право на детски и на образовен додаток. Тоа се над 30.000 деца згрижени и поттикнати да учат и да се движат напред, а со тоа да ја движат и нашата држава напред. На ова ние како социјаледомкрати сме горди, а сигурна сум и дека сите граѓани на нашата држава се горди. Дополнително, ниту едно дете не остана во институција. И тоа не е само заради децата кои беа во институција. Тоа е и заради сите наши деца. Да научат што значи да се живее, а да се биде различен, што значи да се дружиме со различни од нас. Што значи некој да има предизвик, а да се бори да постигне максимум од својот живот. Тоа е голема лекција за сите наши деца“, рече Царовска.

Царовска истакна дека изминатиот мандат е вложено во воспитниот кадар во градинките, но и за социјалните работници.

„Не може да очекувате некој да ни ги воспитува, чува и рани децата повеќе од 8 часа, а да биде речиси на минимална плата. Не може да очекуваме некој да се грижи за најранливите, најсиромашните, да ги извлекува од сиромаштија и да биде на минимална плата. Тоа е невозможно. Тоа е неправедност. Затоа рековме ќе пораснат платите над 25% и во едниот и во другиот сектор и сите тие вработени денес имаат повисок животен стандард“, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус