Царовска на маалска средба во Капиштец: Со СДСМ на власт платите ќе продолжат да растат

Од:

Носителката на листа на кандидати за пратеници во изборна единица 1, Мила Царовска вчера вечер на маалска средба во населба Капиштец рече дека СДСМ е партија која што се грижи за сите граѓани подеднакво и дека посеветено работи на намалување на сиромаштијата и на нова развојна економија.

„Со Социјал -демократскиот сојуз на власт платите ќе продолжат да растат. Во пост ковид периодот ќе имаме раст на минималната плата до 40% и раст на просечната плата до 30%. Тоа можеме да го направиме бидејќи и изминатиот период со дијалог со работодавачите и синдикатите минималната плата се зголеми за 60%. Платата која во трудоинтензивните дејноси кадешто има најмногу работници, посебно жени, беше 9.000 денари денеска е 14.500 денари. Но, тоа зголемување на минималната плата поттикна зголемување на сите други плати и затоа имаме за повеќе од 5.000 денари зголемуање на просечната плата во државата“, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус