ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се спротивставиме на сите штетни одлуки за Општина Центар

Од:

За сите објекти кои што се во тек на изградба, велат од ВМРО-ДПМНЕ, постојат законски договори со прецизно утврдени рокови за изградба. За сите попречувања и оддолжувања, се подвлекува, правните субјекти ќе имаат можност со тужби и пенали да се заштитат од незаконските постапки на Жерновски.

Во тој случај штетата ќе треба да ја плати Буџетот на Општина Центар, а не Андреј Жерновски лично. Ние внимателно ќе ги следиме сите постапки и ќе се спротиставиме на сите одлуки, кои ќе нанесат штета на Буџетот на Општина Центар, односно на граѓаните на Општина Центар, велат од владеачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира, Жерновски да направи контрола на сите постапки и процедури поврзани со спроведување на проектот Скопје 2014.

Ние апелираме контролата да ја направи што е можно побрзо и да ги објави резултатите, исто така што е можно побрзо. Само на тој начин неговата најава за контрола ќе има реално значење, а нема да биде само обид за сопствена реклама и промоција. Ние го охрабруваме оваа работа да ја заврши брзо, иако знаеме дека ниту неговата намера е искрена, ниту пак знае да сработи било што. Ако заборави да излезе да ги каже резултатите во јавноста кога ќе види дека сите процедури и постапки се законски, ВМРО-ДПМНЕ упорно ќе го потсетува на тоа, стои во реакцијата на владеачката партија.

Жалиме што Андреј Жерновски од првиот ден започна со мораториуми и блокади. Тој така и ќе заврши. По утрото и денот се познава. Мандатот го почнува со желба да запре, на тоа што веќе се гради и работи.

Андреј Жерновски очигледно сака да биде мал Бранко Црвенковски и уште првиот ден почна да чекори по неговите стапки. Да потсетиме, Бранко Црвенковски ништо не работеше и ништо не сработи додека беше премиер. Тој само запираше, блокираше и контрираше во сите свои мандати. За жал така почнува и Жерновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ