Спасовски од Арачиново најави милијарда евра инвестиции во следниот мандат

Од:

Носителот на изборната листа на СДСМ во вторат изборна единица, Оливер Спасовски, се обрати на вечерашната трибина во Арачиново, заедно со кандидатот за пратеник од СДСМ, Мухамед Зекири и кандидатот за пратеник од редовите на Движењето БЕСА, дел од коалицијата Можеме, Бастри Бајрами.

„Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции до крајот на мандатот, имаме најповолни услови за инвестирање во регионот и добри работници кои ќе работат за добри плати. Оваа изборна програма којашто ќе биде и владина програма ќе се потпира на проекти од економијата и на инфраструктура, бидеки немаме веќе отворени прашања, дражвата ја запишавме во картата на држави во светот,“ рече Спасовски.

„Ќе имаме нова развојна економија, обезбедуваме нови работни места. Обезбедуваме и над 600 милиони евра пари за поддршка на домашни и странски инвестиции, од коишто 300 милиони предвидуваме да бидат од буџетот, а 300 милиони од европските фондови“, додаде тој.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

(ВИДЕО) Костова: Вработените во Култура понижени – нема поголеми плати, не се почитува Колективниот договор

А1он

СДСМ: Наместо со виновниците за трагедијата во Кочани, МВР се пресметува со млади за статуси на ФБ

Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да престане да лаже, сопственикот на џипот е казнет