Претседателот Иванов по Канада, заминува во посета на САД

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како исклучително успешна ја оцени неговата шестдневна посета на Канада, за време на која одржа низа средби со претставници на канадските власти, со претставници на општествениот живот и со тамошната македонска заедница. По посетата на Канада, претседателот Иванов од денеска до 28 април ќе престојува во работна посета на Аризона, САД.

Во изјава за медиумите на крајот од престојот во Канада, македонскиот претседател објасни дека за време на средбите биле разгледани повеќе можности за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе области.

– Врз основа на сите средби, контакти и разговори што ги водевме, можам да кажам дека станува збор за исклучително успешна посета на Канада, бидејќи се поттикнаа многу можни идни соработки и можности за продлабочување на веќе воспоставените соработки. Особено на средбата со претседателот на Сенатот беа иницирани многу нови иницијативи и идеи преку кои може двете општества да комуницираат, да се надополнуваат и да разменуваат свои искуства. Тоа, пред се, се однесува на соработката во високото образование и на продлабочување на веќе поттикнатата економска соработка која постои. Тука голем придонес има и македонската заедница во Канада, бидејќи е влијателна и почитувана и токму поради тоа што досега го направила македонската заедница за канадското општество, постои подготвеност кај канадските лидери да се продлабочува таа соработка, рече Иванов.

Информираше и дека претседателот на Сенатот ја прифатил поканата и оти веќе на есен ќе ја посети Македонија.

Шефот на државата посебно се осврна на средбите со претставниците на македонската заедница во Канада.

-Нешто што беше истакнато и од сите присутни, и од македонската заедница, е фактот што веќе во еден град во Канада три улици носат македонски имиња. Беше импресивно да се присуствува на чин кога се пее македонската химна, се подигнува македонското знаме и кога на македонската заедница и се одаваат сите оние почести и признанија што ги заслужува како дел од овој мозаик, кој е наречен Канада, изјави претседателот Иванов, говорејќи за одржаната свеченост во општината Маркам.

Прашан за изразениот интерес од негова страна за либерализација на канадскиот визен режим за македонските граѓани, претседателот Иванов објасни дека веројатно првиот бран на визната либерализација ќе ги опфати стручните кадри за кои постои огромна потреба во Канада.

Во однос на можностите за поголемо вклучување на македонската заедница од Канада во општествените текови во Македонија, претседателот Иванов објасни дека веќе е овозможено дијаспората да има свој преставник во Собранието и свој глас во институциите. Треба да се искористат можностите на новото време за пофрекфентна комуникација на македонската дијаспора со својата матична земја, додаде тој, со цел реализација на иницијативи од заеднички интерес.

Претседателот Иванов својата посета на Канада ја заврши на Универзитетот Карлитон во Отава, каде беа донирани 130 тома македонска книжевност во библиотеката на Универзитетот.

По посетата на Канада, претседателот Иванов од денеска до 28 април ќе престојува во работна посета на Аризона, САД.

Македонскиот претседател ќе учествува на Форумот Седона – 2013, во организација на „Институтот за меѓународно лидерство – Меккејн“, на кој ќе учествуваат видни личности од политичкиот живот од повеќе држави во светот и на кој претседателот Иванов ќе има свое обраќање.

Во рамки на работната посета на Аризона, претседателот Иванов ќе го посети и Државниот универзитет „Аризона“, каде ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Државниот универзитет „Аризона“ и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Воедно, претседателот Иванов ќе одржи предавање во рамки на Choncoff Lecture Series на тема „Македонскиот модел на толеранција и различности, лекции од минатото или рецепт за иднината“.

Македонскиот претседател ќе присуствува и на свеченото отворање на почесниот конзулат на Република Македонија во Тусон, Аризона, и ќе оствари средба со македонската заедница во Феникс.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on