(ВИДЕО) Митрески: На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите

Од:

„Денес во изборната единица пет имавме средба со повеќе претставници на микро и макро бизниси, одблиску имавме можност да се запознаеме со нивните проблеми, предизвици и успеси. Посебно овој период на светска криза предизвикана од коронавирусот, поддршката која владата предводена од СДСМ ја даде за приватниот сектор е повеќе од добредојдена.

Не дозволивме работниците да бидат отпуштени, а направивме многу за да ги одржиме стабилни македонските компании.

Оваа поддршка им дава можност да ги задржат своите вработени, но и компаниите да опстанат на нозе.

Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себе. Денес имаме решенија за сите граѓани, решенија за иднината. „Можеме“ е чесен домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок“, изјави Јован Митрески, носител на листата на СДСМ во ИЕ 5.

„Имаме понуда кој носи нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Платите во сите сектори ќе продолжат да растат.

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.

Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите многу побрзо од опонентите. Во следните 4 години тоа ќе правиме уште повеќе и уште подобро.

Стабилната и развојна економија ќе обезбеди пензиите да растат заедно со платите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.

На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети а не во белиот дворец“, рече Јован Митрески, носител на листата на СДСМ во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук