(ВИДЕО) Советникот на Чулев го правда Мицкоски: Јас се договорив да ја отворат винаријата за да седнеме

Од:

Љупчо Андоновски, советник на министерот Наќе Чулев, кој го придружуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кафеаната на Боемска улица даде исказ во полициска станица. Андоновски пред медиумите го правдаше Мицкоски, велејќи дека тој договорил со газдите на кафеаната да седнат во затворениот дел на објектот, иако тоа беше забрането со уредба донесена од Владата. Според Андоновски, ваквото прекршување на мерките не е значајно како други работи кои се случувале во државата.

„Па ништо не се случи, дадов исказ пред колегите, им објаснив како беше настанот. Мене ми е жал што толкаво медиумско внимание предизвика овој настан. Има многу позначајни работи кои се случуваат во државава, но за жал, интересно им беше дека сум бил на ручек со претседателот Мицксоки, им објаснив како беше и сакам сега на сите вас да ви кажам. Сега сакам јас да ви кажам дека јас се договорив со еден од сопствениците, бидејќи не работеше винаријата, го замолив еден од газдите на винаријата дали може да отвори да седнеме со еден пријател, тој не знаеше кој е. Откако отидовме таму, кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот не послужи со пијалок, седнавме и поразговаравме околу час, час и половина. Потоа, тој ја напушти винаријата, по него јас“, рече Андоновски, советник на Чулев и придружник на Мицкоски во кафеаната.

Тој пред медиумите додаде дека не ги попречувале инспекторите да влезат во затворениот дел од објектот, што е спротивно на тврдењето од Пазарниот инспекторат. Инспекторите дента кога се случи настанот, кажаа дека откако биле попречени да направат увид во затворениот дел со образложение дека просторијата е заклучена, виделе како од внатре излегуваат неколку лица, меѓу кои Мицкоски и Андоновски.

„После нас газдата ја напушти винаријата и си замина, за да од средствата за масовна комуникација, од вас медиумите разберам дека сме биле ние таму во винаријата, дека сме попречувале да влезат инспекторите на трудова инспекција, дека директорот Сашо Тасевски повикал и ЕБР, тука се нашол и началникот на Интерветна полиција, Примислав Димовски, па наводно сме криеле камери, ресивери, што апсолутно го отфрлам. Јавниот обвинител побарал известување преку МВР да го расчистат овој случај. Ја користам оваа прилика да им кажам да го погледнат членот 3 од КЗ на Македонија кој гласи дека на секој сторител на кривично дело ќе му се суди според кривичното дело кое е пропишано во тој момент. Во меѓувреме, доколку се измени еднаш или двапати тој закон, тогаш ќе се примени законот кој е поповолен за сторителот“, додаде Андоновски.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не дојде да даде исказ во полициската станица во Центар за случајот кога беше затекнат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица“

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот кој вие од власта го крадете

Горан Наумовски

Мицкоски: Народот се обединува околу промените, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да одговараат криминалците

Горан Наумовски