Французите идентификуваа нов вирус

Од:

Француски научници открија нов вирус користејќи ја истата техника што се користеше за откривање на коронавирусот. Сепак, тие велат дека нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на корона-кризата.

Вирусот е откриен во болница во околијата на Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис. Наодот го добил името „Кристоли вирус“, според предградието на Париз.

Новиот вирус се распространува од комарци. Научниците сметаат дека е прерано да се влечат заклучоци околу тоа за што е одговорен тој вирус, оти починатата имала неколку основни болести. Тие истакнаа дека досега е познат само еден случај и дека доколку има повеќе во иднина, ќе биде можно да се добие појасна слика за вирусот.

Освен методот на откривање, новиот вирус има многу малку заедничко со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата