Николовски од Свети Николе: Го спасивме Истокот и целата држава од рудниците на смртта

Од:

„Го слушам мојот противник овде во третата Изборна единица, најавува дека рудници ќе отворале на Истокот. Буквално не знаат што зборуваат. Владата не отвора рудници, туку дава концесии. Ние, заедно со Вас граѓаните се боревме да ги спречиме ваквите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе го заштитиме Осоговието, ќе го заштитиме Истокот, вакви рудници на смртта нема да има, ќе има здрава и одржлива животна средина“.

Ова го порача Љупчо Николовски, генерален секретар и носител на ИЕ3 на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ на синоќешната трибина со граѓаните од Свети Николе.

Тој рече дека СДСМ се обврзува дека минималната плата од сегашните 14.500 ќе порасне на 20.000, а просечната плата ќе порасне на 34.000 денари.

„Ќе растат платите во сите сектори, во здравството, во армијата, во образованието. Кон шпензионерите имаме голема почит, ќе растат и пензиите. Во следниот мандат 21 процент ќе биде зголемувањето на најниските пензии. Домаќински работиме и затоа има пари за се. Затоа ги решивме и стечајците, затоа ги зголемивме грантовите за младите земјоделци од 10 на 20 илјади евра“, рече Николовски и додаде дека со правилно работење успеале државата да стане лидер во искористеност на ИПАРД фондовите, а дека била под закана од ЕУ дека ќе и се одземат акредитациите зошто не се користеле овие фондови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата