Хејгл не бил информиран за оценката на Израел дека сирискиот режим користи хемиско оружје

Од:

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгл изјави дека претставници на Тел Авив не го информирале за оценката на израелското разузнавање, според кое Сирија неколкупати употребила хемиско оружје.

Тој на прес-конференција во Каиро истакна дека за време на средбите со израелските воени претставници во Тел Авив не бил информиран за оценката по ова прашање.

Хејгл нагласи дека американски разузнавачи го разгледуваат прашањето за користење хемиско оружје од страна на сирискиот режим против бунтовниците. Министерот додаде дека Вашингтон бара цврсти докази пред да го објави својот став во врска со ова прашање.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас