Зекири во Куманово: Ќе го поразиме ДУИ, како што ги поразивме ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Како што беа поразени ВМРО-ДПМНЕ, така и ДУИ ќе биде поразена на овие избори, доста е со минатото, време е да гледаме во иднината, истакна потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник во Изборната единица 2, Мухамед Зекири на граѓанската трибина на караванот „Можеме“ во Куманово.

Тој порача дека квазипатриотизмот на ДУИ нема да помине, место да гледаат напред не враќаат во минатото, не нудат ништо, освен да потсетат на се што било лошо со што ја манипулирале македонската јавност.

„Ние направивме исчекор, дел од нашата коалиција се сите етнички заедници, но новост е коалицијата со движењето Беса, што е етничка албанска партија, со која заедно настапивме искрено пред граѓаните и сите го препознаваат тоа“, нагласи Зеќири, додавајќи дека опозицијата продолжува да етикетира граѓани.

На ова раководство на СДСМ, особено на претседателот Заев некој да кажува дека има предрасуди кон Албанците, е срамно и дегутантно, да се слуша, бидејќи Заев веруваше во концептот едно општество за сите и од кога сме на власт не се случила ни една етничка тензија тоа граѓаните го знаат. Повторно сакаат да ги вратат етничките теми, но граѓаните тоа нема да го дозволат, зашто ние во 2016 од раб на граѓанска војна ја доведовме државата да биде почитувана во светот, членка на НАТО, затоа што можеме уште повеќе, уште подобро, истакна потпретседателот Мухамед Зеќири на граѓанската трибина на караванот „Можеме“ во Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук