Лукаревска од Куманово: За три години просечната плата ја зголемивме за 20%, во новиот мандат платите и пензиите ќе растат уште повеќе

Од:

Можеме и нудиме повисок стандард и иднина, можеме и знаеме да ги зачуваме младите во оваа држава, да отвориме нови работни места, да ги покачиме пензиите и да го сочуваме достоинството на пензионерите, да воведеме ред, правда и дисциплина, можеме и знаеме да градиме пријателства во Европа и во светот, можеме и знаеме да живееме во слободна држава, бидејќи најголем приоритет од првиот мандат е што ја вратиме слободата, истакна Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, на граѓанската трибина во Куманово.

„Некои таму велат Македонијо исправи се, а 11 години од нивниот мандат не клекнаа сите на колена, заради нивните деструктивни политики, нудат обнова, но никако да ни кажат што тоа значи, иако се веќе прочитана книга нудат обнова на режим, закани и уцени, насилство, барок, нагласи Лукаревска, додавајќи дека за разлика од нив ние нудиме решенија на проблемите, тоа го покажавме кога наследивме празен буџет и огромен број на долгови. Решивме огромен број проблеми, решаваме огромен број проблеми и ќе продолжиме да решаваме , со нас со коалицијата Можеме ниеден граѓанин во оваа држава нема да биде оставен на маргините“, порача Лукаревска.

– Ја зголемивме просечната плата за 20% за само 3 години, ВМРО-ДПМНЕ за 6 години ја зголеми за само 9,3%. Тука нема да застанеме, нашиот предизвик е просечната плата до крајот на мандатот да ја зголемиме на 34.000 денари, за 30%, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не враќа назад, а нашата визија е да гледаме напред.

„Невработеноста ја доведовме до 16,2% отсто, отворивме 60.000 работни места, а на ВМРО-ДПМНЕ не му пречеше, кога 630.000 граѓани се иселија од државата да даде 630 милиони евра во Скопје 24, барок, стиропор, неподвижни галии, панорамско тркало да гледаме подобро како не носат во пропаст“, заклучи Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус