Царовска: Државата на младите ќе им нуди до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис

Од:

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска и кандидатката за пратеничка од Македонски Брод Анета Симеска Димоска, денес со младите од Македонски Брод разговараа за се она што го нуди програмата на коалицијата Можеме за претстојните избори но и за она што е направено за младите изминатиот период.

„Државата ќе нуди грантови до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис, а ќе ги ослободиме од плаќање и сите новоформирани компании под 29 години и жени”, рече Царовска.

„Изминатиот период направивме многу за јакнење на младите. Воведовме младинска гаранција со која ја зголемуваме вработливоста на млади лица. Воведовме младински додаток и околу 6.000 лица вработени во производствената дејност веќе неколку месеци земаат по 3.000 денари плус на плата”, вели Царовска.

Царовска истакна дека Социјал-демократскиот сојуз е партијата којашто вистински се грижи за младите и ги повика да гласаат за коалицијата Можеме на 15 јули.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус