(ВИДЕО) Николовски: После 30 години Штип доби нова градинка, се градат нови 44 градинки во државата

Од:

„Денеска во рамките на нашата агенда ја посетивме и новата градинка „Виножито” во Штип. После 30 години Штип, центарот на Истокот, го доби првиот ваков модерен објект после 30 години, нова градинка.

Во овие 2 години се изгради новата градинка, а вкупната вредност на оваа капитална инвестиција важна за сите граѓани на Штип е околу 1 милион евра, средства од кои 70 проценти се учество на Општината Штип, а останатиот дел е поддршка на централата власт.

Ова се типични проекти каде што се гледа соработка помеѓу централна и локалната власт. На површина од 1.600 метри квадратни се изгради модерен објект, кој може да прими 200 дечиња“, рече Љупчо Николовски, СДСМ.

„Со ова го зголемуваме капацитетот на сите градинки. Во нашата земја се градат 44 објекти за најмалите за дечиња.

Во периодот што следи цврсто ќе се фокусираме да ја продолжиме оваа политика, не само да градиме објекти туку и ги зголемуваме платите.

За само две и пол години платите на воспитувачките се зголемија за цели 5.000 денари.

Продолжуваме да се грижиме за децата, за најмладите, да им обезбедиме среќно и убаво детство.

Она што е наш приоритет во следниот 4 годишен период е да отвориме места за 7.500 дечиња во вакви модерни и енергетски ефикасни градинки и објекти, но исто така да обезбедиме и бесплатни градинки за најмалите дечиња, за најранливите категории во нашата земја.

Продолжуваме да се грижиме заедно. Заедно можеме уште повеќе, уште подобро“, изјави Љупчо Николовски, СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел