А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Сите кои употребија насилство и го организираа во Парламентот се пред судот на правадата

by А1он28/06/2020 - 13:14168
Share0

Сите што употребија насилство и кои го организираа 27- ми март во Собранието се пред судот на правадата, истакна лидерот на СДСМ, Зорна Заев, кој одговори на новинарско прашање зошто се уште насилниците кои учествуваа во овој настан се уште не се казнети.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Со Законот за амнестија преку Парламентот, а не преку притисоци и влијанија на правосудството, преку Парламентот јасно направивме разграничување на сите тие што користеле насилство и го употребија насилството и се влезени во организација на тоа насилство и на сите оние што беа изманипулирани. Тука беа пратеници и илјадници граѓани изманипулирани коишто влегоа внатре. Затоа се донесе Законот за амнестија да се направи јасно разграничување, вели Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека тие што беа изманипулирани, без разлика дали се пратеници или граѓани коишто, како што рече, влегоа и прошетаа во Собранието без да прават какво било насилство беа амнестирани со Законот за амнестија на транспарентен начин во парламентарна демократија преку највисокиот дом – Парламентот.

– Сите коишто употребија насилство, коишто го организираа тоа насилство се извлечени пред судот на правдата, голем дел од нив се осудени, дел траат се уште судски процеси и тоа е јасно. Затоа секогаш се што сме работеле сме работеле на јасен видлив и транспарентен начин. И треба да се прави јасна дистинкција и разграничување – секој што е изманипулиран, секој што не е виновен не треба да биде осуден. Секој што е виновен, секој што правел насилство, секој што правел криминал, ги кршел законите , треба да одговара пред Законот и пред правдата, вели Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube
izbori 2020sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Горан Наумовски08/09/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он07/09/2026 - 11:3407/09/2026 - 11:36

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:33

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Горан Наумовски05/09/2026 - 14:58

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

Горан Наумовски05/09/2026 - 14:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео