Димитров од Центар: Датумот за преговори е 16 јули, бидејќи ЕУ очекува да продолжиме по реформскиот пат!

Од:

Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ – рече Никола Димитров на денешната трибина со граѓаните од центарот на Скопје, на која зборуваше заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ко-носителката на листата во ИЕ1, Мила Царовска и кандидатот за пратеник Горан Мисовски.

„А ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат“, порача Димитров во однос на очигледниот политички избор на 15 јули.

„Немаме право на грешки, немаме право на изгубено време во следните 4 години. И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред“, истакна Димитров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он