Заев и Спасовски во посета на Стајковци: Правично се грижиме за сите, тоа носи сигурност

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2 Oливер Спасовски имаа средби со жители на селото Стајковци, во скопската општина Гази Баба.

Заев и Спасовски, разговарале со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година.

– Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност. По НАТО, ги почнуваме интеграциите и во ЕУ, а тоа носи и 2,5 милијарди евра пари од европските фондови за модерни патишта, водоводи, канализации, за европско земјоделство. Овозможивме сигурна иднина и насочени сме кон правичност и правда, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.
Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.

– Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес, рече Спасовски.

На средбите беа споделени информации за вложени 1.920.000 евра за патна структура во општината Гази Баба, реализирани два проекта за водовод и канализација и осум коишто се во тек, за вложени 12.543.248 денари за проекти за регионален рамномерен развој, за четири реализирани проекти за градинки, пет за образование, за доделени по 10.000 евра на тројца млади земјоделци, преку истоимениот проект.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он