Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски врачи 10-ина решенија за легализација на бесправно изградени објекти во Кочани.
– Кочани е пример во Македонија за решавање на дивоградбите, бидејќи од 6.000 барања за легализација на нелегално изградени објекти досега се решени 22 проценти од нив, изјави Јанакиески.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски информира дека општинските служби зајаканати со волонтери работат на решaвање на поднесените барања од граѓаните.
Според министерот Јанакиески, во целата држава досега се решени 25 илјади барања за бесправно изградени објекти.
– Очекувам со законските измените во наредниот период интензитетот за решавање на барањата да се зголеми, посочи министерот за транспорт.
Одговарајќи на новинарско прашање каква ќе биде судбината на вработените во подружницата на Македонија пат во Штип во чиј состав е и секцијата на Македонија пат-Кочани, Јанакиевски одговори дека тие ќе бидат ангажирани на други работни места. Ќе биде избегната можноста да останат без работа, нагласи Јанакиески.