Преговорите се во завршна фаза според шпекулациите на Островот, а Фалкао би требал да се пресели во редовите на лондонскиот премиерлигаш за сума од 46 милиони фунти.
Според „Спортсмеил“, Челзи се откажал од амбициите да го ангажира Единсон Кавани од Наполи за целосно да се фокусира во комплетирање на зделката со Колумбиецот.
Наводно Роман Абрамович дал зелено светло за финансискиот пакет, според кој освен обештетувањето, ќе му биде понудена и неделна плата од 200 илјади фунти на голгетерот на мадридските црвено-бели.