Претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата посета во Канада доби меч на подарок.
Како што информираат од Кабинетот на Иванов, во Армиската менажа на Отава се одржал прием на кој претседателот Иванов бил пречекан од Канадската свечена регимента.
Почесниот полковник на пешадиската гарда на генералниот гувернер на Канада на претседателот му подарил специјален свечен меч со посвета од канадската свечена гарда.