Николовски во следниот мандат предвидува 20.000 денари минимална плата

Од:

Носителот во ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, попладнево се сретна со претставници на повеќе текстилни компании во Македонска Каменица.

На средбата, Николовски истакна дека здравјето, достоинството на работникот и работничките права се основа за добар систем.

Николовски се осврна и на состојбата со КОВИД-19 и предизвиците на текстилните компании со овој вирус.

„Од примерот со конфекциските капацитети во Штип се покажа дека мора многу да се внимава, да се почитуваат мерките за заштита, за да го спречиме ширењето на коронавирусот. Вашето здравје и здравјето на сите граѓани е најважно“, рече Николовски.

Тој најави дека СДСМ и во наредниот период ќе работи на подигнување на животниот стандард на сите.

„Денеска сум тука за лично да ве уверам дека, иако во изминативе две и пол години постигнавме сериозен напредок, не застануваме тука во унапредувањето на вашите права и во обезбедувањето на подобар стандард за сите. Многу од вас до пред две и пол години земаа срамни 9.000 денари. Успеавме за само две и пол години да ја покачиме минималната плата на 14.500 денари, а до крајот на следниот мандат предвидуваме раст до 20.000 денари“, истакна Николовски.

Николовски потенцираше дека СДСМ има план како трендот на раст на плати да продолжи.

„Паралелно ќе расте просечната плата во сите дејности, па и во текстилната индустрија. Работниците се капиталот на ова општество, работниците се капиталот на стопанството и затоа мораат да бидат ценети и платени“, додаде Николовски.

Затоа, нагласи тој, и во услови кога се соочивме со сериозни економски последици предизвикани од здравствената криза, Владата предводена од СДСМ прво што направи донесе мерки за да ги заштити работните места.

„Имаме план, имаме Програма, имаме желба за работа. Тоа е вистинскиот пат. Одиме напред, кон подобар живот“, заклучи Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он