Зибери му врати на Филипче: Имам право на политички ставови, не ја злоупотребувајте владината говорница

Од:

Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје преку социјалните мрежи му порача на министерот Венко Филипче кој најави негово разрешување, дека никогаш не ја злоупотребил институцијата со која менаџира. Зибери упати и критики кон Филипче, а најавата за негово разрешување смета дека има изборна позадина.

„Министер Филипче, престанете да ја злоупотребувате говорницата на Владата за изборни цели. Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови на мојот личен профил на ‘Фејсбук’. Но и покрај ова, во ниту еден момент не ја злоупотребив институцијата со која раководам, нешто што за жал го прави министерот Филипче со овие изјави, кои имаат изборна позадина“, пишува Зибери.

Претходно, Зибери на социјалните мрежи објави дека како член на Комисијата за заразни болести, дал придонес за отворање на границите, со цел, тие да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер. Филипче, повикот на Зибери го нарече евтина и лоша предизборна реторика и најави консултации со правници за негово разрешување од позицијата директор на Центарот за јавно здравје-Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Додека Филипче беше министер имало предупредувања за загадена вода, но институциите молчеле

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула