Во Министерството за надворешни работи на Србија каде министер е Ивица Дачиќ се заразени вкупно четири лица, пренесуваат српските медиуми.
Покрај генералниот секретар, Вељjко Одаловиќ заразени се уште три лица, еден службеник од одделот за конзуларни работи и две лица од Генералниот секретаријат.
Според првичните информации, лицата кои биле заразени не доаѓале на работа извесно време, па затоа нема простор за загриженост во кабинетот.
Во министерството има вкупно четири лица кои моментално се заразени со коронавирус, но ниту еден од нив не се наоѓа во тешка здравствена состојба.
Според последните информации, Ивица Дачиќ три пати се тестирал и на сите тестови тој е негативен.