Словенечките трговци се сè погласни во противењето на предлог законот што предвидува недела да биде неработен ден за сите продавници, јавуваат локалните медиуми.
Покрај здруженијата на трговците, сега и сопствениците на помалите продавници велат дека не го поддржуваат ваквото решение.
Сопствениците на продавниците за сувенири сметаат дека ако им биде забрането да работат во недела, тоа ќе биде голем удар за нивниот бизнис. Дел од нив велат дека најголемиот промет го имаат за време на викендите, а ако не можат тогаш да работат, ќе бидат принудени да ги затворат продавниците.
Поради овие причини тие бараат да бидат изземени од предлог-законот и да можат и понатаму да работат за време на викендите кога концентрацијата на туристи е најголема.
Инаку, овој Закон е веќе во собраниска процедура, а и власта и опозицијата најавија дека ќе го поддржат.