Тројца фудбалери ќе го напуштат Вест Хем на крајот на сезоната, откако одбија да потпишат нови договори, соопшти англискиот клуб. Тоа се: 19-годишниот дефанзивец Џереми Нгакија, аргентинскиот дефанзивец Пабло Забалета и колумбискиот халф Карлос Санчез.
Тинејџерот во редовите на „чеканите“ Нгакија дебитираше во првиот тим во поразот од 0: 2 од Ливерпул во јануари.
Триесет и пет-годишниот Забалета има 80 натпревари за лондонскиот тим по неговиот трансфер од Манчестер Сити пред три сезони.
За две сезони, 34-годишниот Санчез одигра само 18 натпревари во дресот на „чеканите“.
Договорите на тројцата фудбалери со Вест Хем истекуваат на 30 јуни. На седум кола пред крајот на првенството, тимот од Лондон го зазема 17-тото место на табелата, со само 27 поени.