Спорна дозволата на една третина од пилотите во пакистанска авиокомпанија

Од:

Пакистан интернешенл ерлајнс (ПИА) ќе приземји третина од своите вкупно 434 пилоти под сомнение дека поседуваат сомнителни дозволи за летање,  соопшти денеска портпаролот на компанијата.

Одлуката е донесена откако заврши истрагата за минатомесечната несреќа, кога се урна пакистански авион и загинаа 97 лица, а која покажа дека пилотите не ги следеле процедурите. Министер во пакистанската Влада изјави дека снимачот на тонови во кокпитот покажувал дека пилотите си пречеле со разговор за коронавирусот.

„Кажано ни е дека истрагата, спроведена од Управата за цивилно воздухопловство, откри дека околу 150 наши пилоти имаат сомнителни дозволи,“ изјави портпаролот Абдула Х. Хан, пренесоа британските медиуми. „Сите пилоти вклучени во истрагата ќе бидат приземјени,“ додаде тој.

ПИА има флота од 31 авион што летаат на домашни и меѓународни линии.

Последната несреќа се случи минатиот месец кога „Ербас А320“ се урна во јужниот дел на Карачи. Само две лица го преживеаја падот на авионот.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците